Политичарка ги фотошопираше плакатите пред избори: Оправдувањето е урнебесно

Од:

Француската политичарка Жулиет де Козан, кандидатка на претстојните избори за Сенатот на Република Франција, наиде на критики бидејќи ја фотошопираше својата фотографија која ја стави на промотивните плакати.

Жилиет де Козан не сакаше да ја открие својата возраст, но се верува дека има меѓу 40 и 50 години. Сепак, постерот кој го искористи за да се промовира во март оваа година, наведе многумина да помислат дека има околу 25 години. На тој постер нејзината кожа е видно посветла, забите порамни, а косата погуста отколку на немонтираните фотографии што ги објавува на Инстаграм.

Политичарката од малата центристичка партија Европа, еднаквост и екологија призна дека користела дигитални алатки за да го промени својот изглед. Таа рече дека го направила тоа за потенцијално да добие поголема поддршка за целите на нејзината партија.

Политичарката призна дека минатата година за време на кампањата пред парламентарните избори на своите промотивни плакати ставила фотографија со потемна боја на кожа.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

На Американците им е доста од политиката, сè помалку ги следат вестите

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“