Полицијата му нареди на Рики Мартин да се држи подалеку од поранешното момче: „Не сака да прифати разделба“

Од:

Судот и полицијата во Порторико му наредија на Рики Мартин да се држи подалеку од својот поранешен партнер, откако неименувано лице пријавило во полиција дека Рики го вознемирува, соопшти полицијата.

Наредбата беше потпишана во петокот, откако властите се обидоа да го најдат пејачот за да му достават потерница, но не успеаја.

Не е познато кој ја побарал забраната и не се објавени детали, бидејќи наредбата е поднесена според законот за семејно насилство во Порторико, кој бара целосна анонимност.

Весникот El Vocero пренесува дека во наредбата стои дека Мартин и другата страна биле во врска седум месеци пред да раскинат – пред два месеци.

Во извештајот се наведува дека Мартин не ја прифатил разделбата и бил виден во близина на неговиот дом најмалку три пати по раскинувањето.

Наредбата му забранува на Мартин да стапи во контакт или да се јави со лицето што го тужеше, а судијата, на дополнително рочиште ќе одлучи дали таа треба да остане во сила или да биде укината.

Би можело да ве интересира

Го возврати ударот: Рики Мартин го тужи внукот кој тврдеше дека биле интимни и бара отштета од 20 милиони долари

ВИДЕО: Рики Мартин покажа како си го негува лицето и кожата

Ана Ололовска

Рики Мартин се венча со својот партнер

Наум Локоски

Никола Пишек: Кога Рики Мартин ќе ти дојде ненајевен на гости