Олимписката атлетичарка Лоло Џонс не може да си најде момче, бидејќи не верува во секс пред брак.
29 годишната американска спортистка од Лузијана, за американската телевизија HBO откри дека тоа што изгледа неверојатно секси само и одмогнува во нејзинта намера да најде дечко и да остане девица до стапување во брак.
Убавицата која во јуни ќе се обиде да се квалифицира за Олиписките игри во Лондон, вели дека најтешката задача која си ја дала во животот и е да нема сексулани односи пред брак, потешка дури и од тренинзите за Олимпијада.
Кога бев 22, 23, 24 години на многумина им беше слатка мојата мисија, но сега скоро сите ме осудуваат. Ниту едно момче не ме повикува на втор состанок откако ќе им соопштам дека немам намера да спијам со него – раскажува убавата спортистка.
Како посветена христијанка таа вели го нашла патот како да си ги олесни тренинзите, слуша христијанска музика. Но решение за нејзиниот друг проблем – Џонс вели не може да најде.
На почетокот на годината Лоло обајви пред своите 55 илјади фанови на Твитер дека е девица. Од тогаш медиумското внимание не стивнува. Џонс раскажала дека има и многу момчиња кои не веруваат во нејзината приказна, но ппо три – четири месеци излегување тие гледаат како побрзо да излезат од врската во која нема да има секс додека не се стават бурмите на рака.