Поезија од Етернијан во египетското книжевно списание „Надвах“

Од:

Избрани стихови од поетот Јовица Тасевски-Етернијан се преведени на арапски јазик и објавени во рубриката „Светска поезија“ на египетското списание за литература „Надвах“. Поезијата на Етернијан на арапски ја преведе познатиот египетски поет Саед Гоуда.

„Надвах“ е еден од најчитаните арапски литературни портали со над сто и педесет илјади посетители месечно и се објавува истовремено на арапски, англиски, француски, германски и на кинески јазик. Песните на Етернијан проследени со био-библиографија покрај на арапски се објавени и на англиски јазик.

Во рубриката на „Надвах“ досега се објавени песни преведени на арапски од класиците на светската поезија, како Хуан Рамон Хименес, Пабло Неруда, Ана Ахматова, но и од повеќе современи европски и американски поети. Таму на арапски е објавена и песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов.

Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги. Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и препеана на петнаесетина јазици.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје