Лекарите се обидуваат да откријат дали пациентите кои страдаат од депресија е подобро да се лекуваат со антидепресиви или со психотерапија. Меѓутоа, научници од САД сметаат дека постапката на снимање на мозокот може да одговори на оваа дилема.
Американските експерти тврдат дека пронашле начин да предвидат дали на пациентот повеќе му одговараат антидепресиви или психотерапија. Иако се уште не се употребува, научниците велат дека снимањето на островскиот кортекс кај депресивните пациенти ќе им покаже на лекарите кој третман е најефикасен.
Островскиот кортекс или инсула се наоѓа веднаш над увото и е познат по тоа што влијае врз емотивниот живот. Овој дел од мозокот бил клучен елемент во истражувањето кое е спроведено на Универзитетот Емори во Атланта во државата Џорџија.
Според оваа студија, на пациентите чија инсула троши повеќе глукоза подобро им влијае когнитивна бихевиорална терапија, што е всушност еден вид на психотерапија. Кај пациентите чија инсула е помалку активна, односно која троши помалку глукоза, антидепресивите се подобар избор.
– Доколку се потврди со идните тестирања, биомаркерот кој ќе го одреди ова студија ќе биде, според нашите сознанија, првиот објективен критериум кој ќе го одредува изборот на третман за лекување на депресија, сметаат американските научници.