Подготвување на „гнездото“: Како се менува мозокот додека чекате бебе?

Од:

Полноќ е, а вие имате неодолива потреба за перење на теписите, бришење на прашината од полиците и преуредување на наредените фиоки. Оваа потреба за сортирање, чистење и генерално организирање на животот пред да стигне бебето е познат како феномен, кој се појавува кај речиси сите идни мајки и се нарекува „гнездење“.

Овој вид на расположение може да се појави во кое било време од бременоста, но изгледа дека е посебно интензивен во последното тримесечие, кога многу жени оваа состојба ја опишуваат како „ненадеен вишок на енергија“ и кога идните мајки се фокусираат на различни домашни проекти, кои едноставно мораат да ги извршат пред големиот ден.

Секако сосема е логично својот живот да го подготвите за доаѓањето на бебето. Меѓутоа се покажа дека природата можеби е одговорна за ненадејната потреба за извршување на сите домашни работи, како и дека таквата потреба е добра за мајката и бебето.

Бременоста е период во текот на кој мозокот и телото на мајките се зафатени со подготовка за нови предизвици. Истражувањата покажуваат дека хемијата на жените, па дури и на структурата на мозокот, се менуваат кога ќе добијат дете и кога ќе се поврзат со своето новороденче. Меѓутоа сите тие промени всушност почнуваат пред раѓањето.

Сите бремени жени и доилки имаат високо ниво на хормонот пролактин, кој е познат по тоа дека го стимулира т.н. негувачко однесување. Звучи неверојатно, но мозокот на бремените жени се менува во очекуваање на бебето. Невроните растат во делот задолжен за „згрижување“, кој се вика медијално подрачје и на тој начин им помага на мајките да се грижат за своите бебиња, но за време на бременоста мајките својата енергија често ја канализираат подготвувајќи го гнездото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска