Времето кога се враќаме на своите работни места, факултети и училишта е вистинското време за подготовка за есенските вируси. Зајакнатиот имунитет полесно ќе ги поднесе потенцијалните инфекции.
Ова е време од годината кога полека но сигурно се преминува од летен на зимски режим на исхрана, каде доминира посилна храна која треба да обезбеди повеќе енергија за организмот, но која е посиромашна со витамини.
„Дневниот внос на храна мора да содржи јаглени хидрати, протеини и масти, но и да биде дополнет со витамините Е и Ц, како и омега 3 масните киселини, кои делуваат на одбрамбените сили на организмот“ – велат докторите.