Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

Од:

Откажувањата на Нетфликс се зголемија во САД откако Рид Хестингс, основачот на услугата, ја поддржа Камала Харис за претседател.

Харис е кандидатка на Демократската партија, а на претстојните претседателски избори ќе се бори против Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија.

Новите податоци покажуваат дека стапките на отпишување се зголемија речиси тројно откако Хестингс ја поддржа Камала Харис на Твитер (X), а потоа рече дека донирал 7 милиони долари за нејзината кампања.

Поддржувачите на Трамп на ова одговорија со бран напуштања на платформата, па 26 јули, три дена откако донацијата на Хестингс стана јавна, беше најлошиот ден во годината за Нетфликс, покажуваат податоците на истражувачката компанија „Антена“.

Нетфликс и Хестингс не го коментираа случајот и тешко е да се каже дали и какво влијание ќе има овој пораст на откажувањата на претплатите во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив

Трамп ја повтори желбата Палестинците да се преселат во Египет и Јордан

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд