Почнува второто издание на музичкиот фестивал „Андерфест“

Од:

Скопје и оваа година ќе биде домаќин на музичкиот фестивал „Андерфест“ кој почнува вечер со The Smokey house, групата Fiction од Скопје, The Chicks – девојките од Велес, High Voltage од Охрид, како и раперот Матеј Фолц. Главни изведувачи ќе бидат добро познатите Културно уметнички работници.

Прогресивниот, музички фестивал оваа година, како што соопштија организаторите, ќе понуди дводневно комплетно уживање и ќе се одржи на 2 и 3 октомври, во поткровјето на Public Room во Скопје, а влезот за двата фестивалски денови ќе биде бесплатен со претходна резервирана карта и редуциран број на публика најмногу до 30 проценти. Настанот ќе биде пренесуван во живот на официјалниот Јутуб канал на Андерфест.

Вториот ден на сцената ќе свират Sincrest од Кичево, алтернативната група Cruel oд Скопје, Live wire, Пепел, Reinconnected . Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

– Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже, се вели во соопштението.

Настанот го покрива Министерството за Култура, Град Скопје, Jameson и Celia.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска