Музичкиот фестивал „Егзит” во Нови Сад ќе биде отворен вечерва, со настапот на познатата рок група „Д Килерс”, јави Танјуг.
Овогодишниот „Егзит” ќе трае пет дена. Првите посетители на фестивалот се веќе пристигнати, а годинава се забележува и пораст на бројот на гости од странство. Најбројни се оние од Велика Британија и Холандија. Традиционално голем број туристи доаѓаат од државите на поранешна Југославија, како и од Унгарија, Грција, Турција, Романија и Бугарија.
Собите во новосадските хотели се резервирани, а за оние кои не успеале во тоа е обезбеден фестивалскиот камп на брегот на Дунав.
Фестивалот годинава одбележува 50 години од прочуеното Лето на љубовта, што се смета за почеток на легендарното хипи движење.