Почнува 27. издание на фестивалот „Макфест 2012“

Од:

На сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов” во Штип вечерва ќе започне 27. издание на „Макфест 2012“.

Во текот на трите фестивалски вечери, ќе бидат изведени вкупно 37 нови композиции.

На првата полуфинална вечер ќе настапат: Антонио Тасевски, Давид Гром, „Лајн аут“, Самит Исаку, Сара Марковска, „Амајлија бенд“, „Швалери“, „Виктори“, Емил Арсов, Мартин Мила, Христијан Тодоровски-Кико, ПМ, Александар Белов и Милица Мајсторовиќ, Соња Кочиќ, Фани Христова и Игор Митровиќ, Ивана Миланова и Били Ѕвер, Томас, Ангелина Стојановска и Наталија Славева.

Во сабота на второто полуфинале ќе се натпреваруваат: Александар Зораниќ, Тодор Стефанов, Елена Миленковска, Јасмин Алиевски, Иван Раденов, Евгенија Вржовска, Симона Жарки, Кирил Додевски, Синап, Денис Мурат, Лејла Хот, Емилија Гиевска и Филип Јордановски, Влатко Илиевски, Верица Пандиловска, Лена, Биба Додева, Тамара Тодевска, Александра Пилева и Лана Јурчевиќ.

Финалната вечер е закажана в недела навечер.

Во ревијалниот дел ќе настапат Кики Лесендриќ и групата „Пилоти“.

Водител на „Макфест“ и оваа година ќе биде Вера Јанковиќ.

„Макфест има и нова официјална песна „Почувствувај го ритамот” чиј комплетен автор е Јован Јованов, а ја изведува Викторија Лоба.

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

(ВИДЕО) Почна „егзодусот“ од Burning Man, 64.000 луѓе во колоната

Време е за светскиот звук дома: Музиката на светот на 14. издание на фестивалот во Битола