Селин Дион и Енрике Иглесијас само се некои од имињата кои се прославиле на Евровизија. Групата „АББА” исто така постигна голем успех по настапот на сцена на овој фестивал.
Имено, канадската пеачка Селин Дион победи во 1988 година со песната „Ne partez pas sans moi” настапувајќи во Ирска под швајцарско знаме.
И шведската мега популарна група „АББА” ги залуде фановите ширум светот дури откако членовите на групата во 1974 година првпат се појавија на Евровизија и ја испеаја песната „Waterloo”.
Истата година на „музичката олимпијада” се покажа уште еден голем талент Оливија Њутн Џон, која настапи за Англија со песната „Long Live Love”.
Тоа беше нејзин најголем продор до тогаш, а по четири години следеше улога во мјузиклот „Брилијантин” со кој доживеа голем холивудски успех и популарност.
И латино заводникот Хулио Иглесијас со песната „Gwendolyne”во 1970 година настапи на Евровизија, а тоа му беше отскочна даска за светски успех.