Симптомите на алергиите се слични на симптомите на настинка, па понекогаш можат да поминат и неколку години додека на пациентот не му се постави вистинска дијагноза, велат пулмолозите.
Алергиите на полен убедливо се најчест вид алергии. Во Европа од овој вид алерегии страдаат речиси 25 отсто од луѓето, а во Јапонија и на Нов Зеланд дури 40 отсто од популацијата. Зачестеноста особено се зголеми во последните децении.
Во последните години се нагласува и поврзаноста на климатските промени со респираторните алергии. Тоа е затоа што билките почнуваат да цветаат порано и се подолго, т.е сезоната на цветање завршува се подоцна.
Кога ќе почне сезоната на цветање, на удар прво доаѓаат пациенти алергични на полен на леска, а подоцна и на полен на други дрвја, меѓу кои брезата. Кон крајот на април почнува цветање на тревата, а од крајот на јули и почетокот на август и коров, првенствено амброзија која поленот го ослободува до крајот на октомври.
Најчести симптоми на алергиите на полен се напади на кивање, бистар секрет од носот, црвени и солзливи очи и сува кашлица. Пациентите често дури по две-три години сфаќаат дека не се постојано настинати, туку дека имаат алергии.
Кај некои пациенти се јавува и промена на кожата на места каде таа доаѓа во контакт со полен, други имаат орален алергиски синдром, т.е оток на усните, промени на јаизкот и ранички во устата по земањето некој вид овошје и зеленчук. Во најтешки случаи се јавува гушење и тогаш станува збор за поленска астма.
Пациентите кои страдаат од алергии се советуваат да избегнуваат контакт со алергенси.
– Да се носат очила, за да навлезе поленот во очите.
– Да се затвораат прозорците пред излегување, со цел поленовиот прав да не влезе во домот.
– Мијте ја косата и туширајте се секоја вечер.
– Редовно менувајте ја облеката.
– Користете препарати кои ја јакнат слузокожата на носот.
– Престојувајте што помалку надвор кога е висока концентрацијата на полен.
– Редовно земајте ја терапијата, освен класичните антихистамински, можат да помогнат и хомеопатски лекови.
– Избегнувајте брза храна богата со заситени масни киселини, редовно земајте препарати со цинк, пробиотици и омега-3 масни киселини.