Почна одбележувањето на Светската недела за превенција од кардиоваскуларни заболувања

Од:

Во Велес денеска почна одбележувањето на Светската недела за превенција од кардиоваскуларни заболувања.

Оваа година во одбележувањето активно се вклучува и Здружението на приватните лекари на Македонија, а сите матични ординации во Велес ќе добијат и бесплатно ЦД со препораките од Светската здравствена организација за превенција.

– Ние како Црвен Крст сме помошно тело за да помагаме во превенцијата за помош на ранливите категории на население и немаме намера да ја преземеме функцијата на државата да се грижи за здравјето на граѓаните, истакна претседателот на општинската организација на Црвениот Крст во Велес, Милчо Трајков.

Доктор Атанас Ѓорѓиев од општинската организација на Црвениот Крст рече дека ќе спроведат низа предавања, бесплатни превентивни прегледи во кои ќе биде вклучено ЕКГ снимање на срцето, мерење шеќер во крвта итн. со цел, како што посочи, да им укажеме на луѓето дека треба редовно и правилно да ги посетуваат своите матични лекари.

– Планираме предавањата да ги спроведеме како во урбаните така и во руралните средини. Предавањата ќе бидат од интерактивен карактер, а нивната цел е покренување на свеста за кардиоваскуларните заболувања и како да ги превенираат истите, напомена, доктор Горан Богатинов од општинската организација на Црвениот Крст во Велес.

Во иднина доколку се создадат услови во план е да се отвори советувалиште за кардиоваскуларните заболувања за ранливата категорија на луѓе кои што немаат можности да извршуваат превентивни прегледи, контроли кај сопствените матични лекари.

Предавањата и прегледите ќе се извршат на територијата на општина Велес, во општините Чашка, Градско, како и во селата Богомила, Мелница, Јаболчиште, а отворена е понудата и до компаниите и останатите работни организации за соработка со општинската организација на Црвениот Крст од Велес. За успешното спроведување на активностите од страна на Комисијата за превенција од кардиоваскуларни заболувања спроведена е донација преку која се купени современ 12 канален ЕКГ апарат и два глукомера кои ќе останат во сопственост на општинската организација на Црвениот Крст во Велес.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска