Првиот натпреварувачи ден на Интернационалниот гастрономски натпревар Гастро Мак кој почна денеска во Струмица ќе трае ноќеска до еден часот по полноќ.
На овој настан, кој вторпат се одржува во Македонија учествуваат 300 натпреварувачи чие готвење го оценуваат врвни судии од светот на гастрономијата.
– Централната сала во струмичкиот хотел Вила Парк од рано утрината е полна со натпреварувачи и судии од Монголија, Русија, Израел и Кипар. Денес, на натпреварувачката програма, која што ќе трае до еден час по полноќ, се приготвувањата на топли и студени јадења, изложбата на торти, како и карвинг – уметноста на „резбарење” на фигури од овошје и зеленчук. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти со Master Chef титулата одржуваат Мастер класови на разни теми, велат организаторите.
Пријавенот број на натпреварувачи ги надмина, велат организаторите, Асоцијацијата на готвачи на Македонија, ГастроМак, со логистичка поддршка на WACS, Светската Светската организација на шефови на кујни.
– Ова е навистина извонредно. Многу судии и натпреварувачи од многу земји од светот, врвна организација и одлично подготвени јадења. Воодушевен сум од Македонија и Струмица, гостопримство какво што може само да се замисли, но и прекрасна храна. Од сè срце можам да кажам дека Македонија ја заслужи оваа манифестација, изјави Џорџио Дијана, мастер шеф и амабасадор на WACS.
Натпреварувањата ќе се продолжат и во следните два дена, а главните награди и големото Град При за најдобрите ќе бидат доделени на свечената церемонија вечера на 27 октомври.
Манифестацијата е од отворен карактер и заинтересираните можат да ја посетат во било кој дел од денот. Натпреварот завршува на 28 октомври.