Почитувајте ги овие три правила и нема да имате разгалено дете

Од:

Доколку сакате да имате убаво воспитано дете мора да воспоставите некои основни правила. Секој од нас одредува како ќе го воспитува своето дете, но тоа на некои им оди подобро од рака, отколку на други.

Бидете доследни

Секогаш, ама баш секогаш бидете доследни. Децата ги тестираат своите граници. Важно е и вие да се држите до сопствените правила. Кажете „не“ кога тоа е потребно и бидете доследни на кажаното, затоа што на детето нема да му биде јасно зошто еден ден нешто смее да прави, а друг ден не смее. Правилата секогаш мораат да бидат исти, без исклучок и без попуштање на молбите на детето.

Не го сожалувајте детето затоа што тоа само нешто сака, дали чоколадо или нешто сосема друго. Кога еднаш ќе попуштите, ќе му покажете на детето дека постои начин тоа да го добие и истата техника ќе ја користи секогаш кога ќе посака нешто да добие.

Секој нареден пат кога ќе речете „не“, детето нема да престане додека повторно не попуштите. Останете доследни  и покажете му дека го мислите тоа што го зборувате и дека ниту вие, ниту тоа не сте над правилата.

Детето треба да има обврски и задачи во домот

Доколку на детето му дадете некои едноставни задачи, прилагодени на неговата возраст, ќе му помагнете во поттикнувањето на чувството на одговорност. Вклучете го детето во она што самите го правите наместо да му дадете задача која само ќе ја работи. Како што е местење на играчки или при чистењето на нередот, што го направило. Пофалете го детето кога добро ќе ја заврши задачата. Најверојатно потоа ќе сака да ви помога и во некои други домашни работи.

Детето треба да почувствува „разочарување“

Со тоа што го заштитувате своето дете од сите животни „удари“ всушност му правите „лоша услуга“. Со попуштање на детето не му се прави услуга, секако зборуваме за ситуации кои се соодветни за возраста на детето. Ниту еден родител не сака кога детето плаче или кога е вознемирено, но во реалниот живот разочарувањата се неизбежни. На пример ако сте во продавница и детето плаче затоа што не сте му купиле некоја играчка, мора да научите дека не може секогаш да го добие она што го сака. Со тоа ќе научи да ги контролира своите однесувања и чувства. Додека учи како да прифати разочарување, детето воедно ја развива способнота во подоцнежниот живот да се соочи со емоционалните стресови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска