Почина таткото на мисијата „Аполо 11“

Од:

Милојко Мајк Вучелиќ, проект-менаџерот на историската мисија  „Аполо 11“, почина во САД, на 82-годишна возраст. Замина две недели по смртта на Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината.

Мајк  Вучелиќ е роден во 1930 година,  во Гарешница, Хрватска. Дипломирал во 1954 година на  Машинскиот факултет во Загреб, како млад инженер започна да работи во Мерцедес-Бенц во Германија.

На покана на роднини  во 1956  оди во САД со 50 долари во џебот. Во Америка, тој прво работеше на изградба на мали авиони, а потоа во 1962 година,  се приклучи на програмата „ Аполо“. Кога во 1969 година„ Аполо 11“ беше лансиран, Вучелиќ беше во контрола на летот во Хјустон.

„ Тешко е да се опише расположение кога  слетаа  на површината на Месечината. Контролорот ми рече: “Тоа е невозможно, ние сме на Месечината”, а јас одговорив: “Тоа е невозможно, но тоа беше нашата цел”,  изјави во  едно интервју Вичелиќ

Тој  во 1975 година ја напушти вселенската  програма и отиде во претприемнички води. Но до последните денови од неговиот живот со голема страст  ја  следеше  американската вселенска програма, и се  дружеше со пријателите и колегите од “Аполо” мисиите.

 

 

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев