ВИДЕО: Почина серискиот убиец чии убиства во 90-тите ја ужаснаа Австралија

Од:

Во сиднејскиот затвор Лонг Беј денеска почина Иван Милат (74), чии монструозни сериски убиства на млади автостопери на почетокот на 90-тите години од минатиот век ги ужаснаа Австралијанците, соопштија затворските власти. За седумте убиства за кои се верува дека Милат не ги извршил сам беше снимен документарен филм.

Милат во затвор беше од 1994 година, а на почетокот на 2019 година му беше дијагностициран карцином на хранопроводот и желудецот. Умре во медицинското крило на затворот, се наведува во соопштението на државната поправна служба за Нов Јужен Велс, пренесоа американските медиуми.

Во текот на судењето се докажа дека Милат за време на двегодишното дивеење по патиштата околу Сиднеј усмртил тројца Германци, двајца Британци и двајца австралиски стопери, кои ги примал во својот автомобил. Убиствата беа откриени откако труповите им беа пронајдени во шума во близина на Сиднеј, во текот на 14 месеци во 1992 и 1993 година.

Милат беше уапсен на 22 мај 1994 година, по два месеца трагање. На полицијата и помогна Британецот Пол Онионс, кој во 1990 година го прифатил возењето додека стопирал и успеал да побегне од автомобилот, трчајќи по патот додека Милат пукал по него.

Кога судењето заврши, во 1996 година, Милат беше прогласен за виновен за седум убиства, и осуден беше на седум доживотни затворски казни.

По обидот за бегство во 1997 година тој беше префрлен во затвор со максимално обезбедување.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он