Почина македонската пејачка Небахат Бади Бекир

Од:

Тажна вест попладнево се рашири на социјалните мрежи. Почина македонската пејачка Небахат Бади Бекир.

Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац.

По објавувањето на денешната тажна вест се огласи и Росана, која откри дека Бади боледувала од најтешката болест.

Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор. Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии.

Паралелно пее на турски, албански и македонски јазик.

Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посвети на македонската фолк песна.

Пријатели, колеги и обожаватели веќе се простуваат со неа на социјалните мрежи. Тења Додева напиша: „Мила, каде побрза и ти… Се гледавме често и навистина убави спомени имам со тебе. Почивај во мир, душо мила, ти благодарам за убавите песни.“

Би можело да ве интересира

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права

Почина актерката Ленче Делова

Катерина Ѓуровски

Почина Натан Смит, синот на Лил Џон

Момче почина во кавадаречко Возарци