Ленс Редик, актерот познат по улогите во серијата The Wire („Жица“) и серијата филмови Џон Вик, почина на 60-годишна возраст, пишува американски TMZ.
Официјални лица за спроведување на законот изјавија за TMZ дека телото на Ленс било пронајдено во неговиот дом во Студио Сити околу 9:30 часот во петокот.
Причината за смртта не е јасна, но припадниците на полицијата велат дека се чини дека смртта настапила по природен пат.
Актерот го промовираше својот најнов филм „Џон Вик 4“ и во оваа прилика требаше да гостува во бројни емисии.
Ленс во средата наутро објави селфи на социјалните мрежи, позирајќи во својот дом со своите кучиња, но реши да ја прескокне премиерата на „Џон Вик 4“ во Њујорк.
Редик глумеше и во сериите „Изгубени“, „Бош“, „Оз“, како и во филмовите „Ангели кои паѓаат“ и „Гоџила против Конг“.
Роден и израснат во Балтимор, Ленс има диплома по музика на Универзитетот во Рочестер и диплома од Јеил.