Почина Коста Јаневски, еден од сопствениците на Антена 5 радио

Од:

Со огромна тага, ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5, соопштија од радиото.

– Учествуваше во основањето, техничкиот развој и креирањето на програмата, а ја извршуваше функцијата Технички директор во Антена 5 од 1994 година.

Работеше на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5: Британските музички награди, Ем-Ти-Ви европските музички награди (MTV ЕМА), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” и Д Фестивал во Дојран.

Пред основањето на Антена 5, беше дел од програмата Радио Микс на Радио УНО и проектот Радио Топ Листа на Македонија. Дипломира на Електротехничкиот факултет. Својата кариера како филмски работник ја започнува во осумдесетите години, како монтажер на тон и тон снимател. Во 1985 година работеше како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од наредната година работи во продуцентската куќа “Вардар филм”. Во текот на својата кариера учествуваше во реализација на филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, голем број на играни, документарни, краткометражни и долгометражни филмови како “Македонска сага”, “Среќна Нова ‘49”, “Тетовирање” и многу други. Беше член на Друштвото на филмски работници на Македонија и член на Здружението на тонски сниматели на Македонија, се вели во објавата од Антена 5.

Погребот ќе биде во вторник во 11:30 на Градските Гробишта Бутел во Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина поетесата Славица Свидерска

ВИДЕО: Во Босна, низ Балканот и низ Европа збогување со Халид Бешлиќ

Катерина Ѓуровски

Почина поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов

Горан Наумовски

Почина Халид Бешлиќ

Катерина Ѓуровски

Почина легендарниот Мики Пирс од серијата „Сплетки“

Почина Дејан Миловановиќ. поранешен капитен на Црвена Звезда

Горан Наумовски