Почина човекот кој беше инспирација за филмот „Терминал“ на Стивен Спилберг.

Од:

Мехран Карими Насери, ирански политички бегалец кој живееше на парискиот аеродром „Роаси-Шарл де Гол“ повеќе од 18 години и беше инспирација за филмот „Терминал“ на Стивен Спилберг, почина вчера, соопштија аеродромските власти. Тој починал од природна смрт, во саботата малку пред пладне на терминалот 2F, изјави претставник на аеродромот.

Откако го потрошил најголемиот дел од парите што ги добил по снимањето на филмот, Насери се вратил на аеродромот и продолжил да живее таму, вели изворот. Кога починал, кај него нашле неколку илјади евра.

Роден во 1945 година во градот Масјед Солејман во иранската провинција Кузистан, Мехран Карими Насери, кој беше познат и како „Сер Алфред“, избра да живее во Роиси, северно од Париз, во ноември 1988 година, по долго патување во потрага по мајка си, а отпатувал во Лондон, Берлин и Амстердам, но каде и да стасал аеродромските власти го одбивале бидејќи немал документи.

Во 1999 година доби статус на бегалец и право на престој во Франција. Роизи на аеродромот се спријателил со персоналот и се прославил, па француските и странските медиуми снимале различни телевизиски и радио прилози за него. Неговата приказна го инспирираше режисерот Спилберг да го сними филмот „Терминал“ со Том Хенкс во главната улога. По филмот, Насери живеел во куќа во Париз, но подоцна се вратил да живее на аеродромот.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска