Почина британскиот музичар – Крис Риа

Од:

Крис Риа, британскиот рок и блуз пејач, почина на 75-годишна возраст, изјави портпарол на неговото семејство.

„Почина мирно во болница, опкружен со членови на семејството, по кратко боледување“, се вели во соопштението.

Помина часови и денови на пат, а неговата љубов кон автомобилите и возењето беа инспирација за многу негови песни.

Сними 25 соло албуми, од кои два се искачија на врвот на топ листите во Велика Британија.

Неговиот рапав глас и лесен стил на свирење гитара беа обележја на хитови како „Road to Hell“, „Auberge“, „On the Beach“ и „Driving Home for Christmas“.

Тој е роден во 1951 година во Мидлсбро, град во Англија, под името Кристофер Антон Реа.

Неговиот татко бил Италијанец, неговата мајка од Ирска, а тој е едно од седумте деца.

Семејството е добро познато во градот поради неговиот татко Камило, кој имаше голем број слаткарници и кафулиња во областа.

Би можело да ве интересира

Велика Британија стана директен учесник во конфликтот во Иран

Жестока реакција на Трамп до европските држави: Ќе мора да научите да се борите сами, Америка нема да ви помогне.

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД

ВИДЕО: Иран испали балистички ракети кон базата Диего Гарсија во Индискиот океан

Катерина Ѓуровски

Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме

Стармер: Владата е фокусирана на заштита на британскиот народ