За да ја победите есенската депресија, можете многу да сторите. Есента може да биде период на нови почетоци, свежа енергија и забава која ви претстои.
Обезбедете доволно сон
Иако во текот на летото сте уживале во доцни излегувања или други вечерни активности, обидете се сега постепено да одите на спиење по 15 минути порано, додека не дојдете до своето вообичаено заминување во кревет. Целта нека ви биде седум или осум часови сон.
Исто така, кога ќе можете, немојте да го заборавите попладневниот одмор – десет до 30 минути сон во текот на денот прави чуда за нивото на вашата енергија.
Вежбајте
Вежбите се добри не само за одржување на телесната тежина и здравјето, туку се и одлични и за ублажување на секојдневните стресови.
Освен тоа, ефектите на добриот тренинг можат да траат неколку часа откако ќе појдете под туш.
Ќе имате повеќе енергија во текот на денот, а ќе ви го забрза и метаболизмот.
Вежбањето исто така му помага на вашиот мозок да обезбеди „добра“ хемиха која ви го подобрува расположението.
Хранете се здраво
Што и кога јадете многу влијае на вашето расположение и нивото на енергија. Избегнувајте рафинирани и преработени намирници (како бел леб, ориз и шеќер), бидејќи тие не само што не содржат хранливи материи за кои копнее вашето тело, туку и ви го пореметуваат нивото на енергија, што може да влијае на вашето расположение – предизвикува депресија, недостиг на концентрација…
Здравите намирници го богатат вашето тело и ум со хранливи материи, го стабилизираат шеќерот во крвта и нивото на енергија.
Не заборавајте го сонцето
Повеќето луѓе знаат дека сонцето е извор на витамин Д. Меѓутоа, тоа исто така го подобрува расположението.
Многу луѓе стануваат депресивни поради недостигот на сончева светлина. Обидете се на работа или деловни состаноци да седите што поблиску до прозорецот.
Не занемарувајте го социјалниот живот
Пријателите, колегите, соработниците или соседите можат да бидат од голема корист. Не се колебајте да побарате помош и ако малку ви „падне“ расположението. Тие многу можат да ви го подобрат расположението и да ви го разубават секој тмурен есенски ден.