Драстичните временски промени претставуваат голем стрес за организамот. Зависно од здравствените проблеми со кои се соочуваат, луѓето промената на времето поинаку ја доживуваат.
Најзагрозени секако се хронично болните, но и оние без здравствени проблеми можат многу тешко да реагираат на драстичното намалување на температурите и промената на атмосферскиот притисок.
Здравите лица најчесто се чувствуваат малаксани и поспани. За полесно да се поднесат временските осцилации потребно е да се внесуваат доволно течности и исхраната на биде лесна, односно повеќе на витамини. Се советува и умерена физичка активност.
Хронично болните треба да се придржуваат и до советите на своите лекари и редовно да земаат терапија, советуваат експертите.
Имајќи предвид дека метеоропатските реакции се јавуваат од четири до 48 часа пред самата промена на времето, на организмот му се потребни за прилагодување два до четири дена. Во тој период организмот се адаптира на неповолната фаза, за повеќе да не ја идентификува како негативна.
На оние чија психофизичка состојба значително им се влошува поради влијанието на времето, експертите им советуваат обврзно да ја следат биопрогнозата.