Пловечки град на иднината: Засолниште за 40.000 луѓе во случај на природна катастрофа

Од:

Доген Сити, јапонски пловечки град, е концепт на стартап компанијата N-Arc кој служи како пример за целосно самоодржливи, паметни градови во иднината кои би можеле да им помогнат на луѓето во случај на природни катастрофи.

Во град со пречник од четири километри би живееле 10.000 луѓе, а тој би можел да прими до 30.000 посетители. Кружната форма на градот не е случајна – тој е дизајниран да издржи лоши временски услови, вклучително и цунами.

Паметниот град е дизајниран да им обезбеди на своите жители напредна здравствена заштита, која вклучува телемедицина, како и напредни анализи на геномот и крвта на граѓаните. Соларни панели, турбини на ветер, водоводни цевки кои ја прочистуваат и рециклираат отпадната вода се дел од иновациите што ќе обезбедат градот целосно да се одржува самостојно.

Во станбениот прстен на Доген би имало куќи, како и паркови, зелени површини, капацитети за производство на храна, училишта, спортски терени, болници, стадиони, хотели и канцеларии. Мрежата на автономни електрични возила би го намалила метежот на патиштата, како и загадувањето на животната средина. Благодарение на неговиот модуларен дизајн, Доген може да расте, заедно со неговата популација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија