Плодноста кај жената не се намалува со годините

Од:

Американската професорка по психологија Џин Твинџ тврди плодноста кај жената не се намалува со годините. Таа тврди дека способноста за забременување во 27 година од животот и плодноста на 39 години многу малкусе разликуваат.

Твинџ нагласува дека жените без причина се заплашуваат со застарени податоци, од ерата пред антибиотиците и адекватни медицински третмани. Односно со услови од времињата кога квалитетот на животот бил на многу ниско ниво.

Таа во книгата „The Impatient Woman’s Guide to Getting Pregnant“ објаснува дека многу жени кога ќе наполнат 30 години се откажуваат од обидот на природен начин да забременат поради идејата дека во одредени години многу тешко или е невозможно да останат бремени.

Твинџ им предлага на жените да не се обесхрабруваат и да не дозволат стресот да им влијае врз можноста за забременување, бидејќи денес не постои причина тие да не можат да станат мајки се додека имаат редовен циклус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска