Пластиката предизвикува рак

Од:

Светската здравствена организација ја заврши долгодишната студија со која за прв пат е докажано дека шишињата, ќесите, играчките и мобилните апарати содржат опасни хемикалии, кои предизвикуваат смртоносни заболувања.

Пластичните производи кои секојдневно ги употребуваме можат да ни наштетат на здравјето, па дури и да предизвикаат рак.

Ова го докажа една од најголемите студии на Светската здравствена организација СЗО, насловена „Најновите научни сознанија за хемикалиите кои предизвикуваат ендокрини поременувања“.

Според неа одредени супстанци кои служат за цврстина на пластиката, како што се фталати и бисвенол А и ретарнати, кои влегуваат во составот на чинии, ќеси, играчки, технички уреди и козметички препарати можат да предизвикаат бројни болести, намалена полодност, неправилна работа на желездите и вродени мани кај децата.

Претходните години се извршени извештаии според кои постојат слаби докази дека хемикалиите од пластика лошо влијаат врз здравјето на луѓето.

Но, лекарите од СЗО со својата студија ги прекинаа сите расправи за можното штетно влијание и уврдија дека предизвикуваат опасни болести.

Хемикалиите лесно преку храна ги внесуваме во организмот, бидејќи повеќето прехрамбени производи се спакувани во пластична амбалажа, а во телото доаѓаат и преку кожа, односно преку допир или користење на некое козметичко средство.

-Од нив може да се јави неплодност, проблеми со учењето, тешкотии во помнењето, подоцна и дијабетис, кардиоваскуларни болести, но и ракот – стои во документот на СЗО.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска