„Пивофест“ во Прилеп од 17-ти до 20-ти јули

Од:

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп „Пивофест“ ќе се одржува од 17-ти до 20-ти јули и подготовките се почнати, соопшти организаторот на настанот – Општина Прилеп.

Познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов ќе биде во улога на домаќин на фестивалот, а на сцената на плоштадот „Александрија“ ќе настапат сестрите Тијана и Тамара, Владо Јаневски, фолк-пејачот Ефто Пупиноски, како и гостите „Хладно пиво“, американскиот бенд „Тостерсив“, Тони Цетински и Јелена Розга. На затворањето на оваа летна манифестација ќе настапат од „Икс фактор“ – Маид Хеќимовиќ, Емина Јаховиќ и Жељко Самарџиќ.

– Ги почнавме подготовките за годинашниот традиционален и најголем фестивал на пивото и скарата на Балканот – „Пивофест“. Како и лани, се очекуваат преку 300.000 посетители. Ќе има комплетна четиридневна забава со познати музички имиња од земјава и од Балканот, рече градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески на прес-конференција.

Годинава ќе има 32 штандови поставени на 4.628 метри квадратни. Во „Паркот на Револуцијата“ и годинава ќе има можност за кампување, а од организаторите ќе добијат бесплатно кафе и чај и вкусна телешка чорба.

– Фестивалот ќе има досега најголема сцена со најсилно озвучување и повеќе видео-бимови на градскиот плоштад, со цел да може сите да уживаат во четиридневната журка, додаде Ристески.

Игор Џамбазов ги покани сите да дојдат на годинашниот „Пивофест“. – Има еден податок кој вели дека 4000 години п.н.е. старите Вавилонци познавале 16 видови пиво, а до појавата на „Пивофест“ во Прилеп се распознаваа два вида пиво: топло и ладно. Затоа ги поканувам сите два милиона Македонци и оние Македонци кои гравитираат околу Македонија, веќе на 16-ти да фатат место во Прилеп, рече Џамбазов.

Од локалната самоуправа посочија дека програмата за „Пивофест 2014“ не е конечна и најавија и други изненадувања.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски