Пијалоци кои нѐ прават попаметни

Од:

Ако некогаш се имате најдено во ситуација да не можете да се сетите каде ги оставивте клучевите или пак не можете да запомнете повеќе од една реченица, можеби е време да го нахраните вашиот мозок со некој од петте пијалоци кои го подобруваат помнењето.

Вино:

Една чаша вино после ручекот е добра за вашиот организам. Виното ги заштитува крвните садови, ја зголемува циркулацијата и го намалува стресот. Црвеното вино делува на мозочните келии кои примаат повеќе кислород. Тоа влијае на способноста за размислување и ја подобрува меморијата.

Кафе:

Покрај тоа што кафето веќе премина во традиција без која не можеме, овај вкусен пијалок е одличен антиоксиданс. Но кофеинот како негова главна состојка може да ја зголеми вашата краткотрајна меморија. Две до три шољи кафе на ден го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и болести на срцето.

Сок од цвекло:

Темно-црвениот сок од корен од цвекло е многу хранлив. Една чаша сок од цвекло дневно е здраво за кардиоваскуларниот систем и ја подобрува циркулацијата.
Цвеклото драстично го намалува покачениот крвен притисок и го зголемува протокот на крв во мозокот. Подобра циркулација значи подобро функционирање, односно подобра меморија.

Чај:

Сите оние кои што не сакаат да консумираат кафе, својата дневна доза на “паметен пијалок” можат да ја најдат во чајот. Докажано е дека кофеинот кој се наоѓа во црниот, зелениот и белиот чај делува стимулативно на мозокот, а со тоа го зголемува капацитетот на меморијата, ја зајакнува концентрацијата, мотивацијата и издржливоста.

Сок од јаболко:

Од секогаш јаболкото е познато како здраво овошје, а утврдено е и дека помага во зачувување на добрата меморија. Сокот од јаболка го зголемува производството на основниот неуротрансмитер на ацетилколин во мозокот, што резултира со зголемена меморија.

Две до три чаши дневно значително го намалуваат ризикот од слабо помнење.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска