Активните природни состојки како што се аминокиселината Л теанин и кофеинот ја подобруваат концентрацијата и го олеснуваат совладувањето на когнитивните задачи.
Природните состојки во чајот ја зголемуваат концентрацијата и брзината на размислување, покажува истражувањето. Волонтерите кои учествувале во студијата, по пиењето една шолја чај, многу побрзо и со поголема точност ги решавале крстозборите и математичките задачи, отколку контролната група која не пиела чај.
Благодатите од чајот произлегуваат од Л теанинот, аминокиселина која може да се пронајде во зелениот чај и која се наоѓа речиси во сите видови на овој здрав пијалак.
Научниците откриле дека една шолја чај, исто така, го отстранува заморот, ја крева концентрацијата на болните од Паркинсонова болест, а долгогодишнотот пиење на овој пијалак ја зголемува густината на коските.
За зголемување на сите благодати од чајот, идеална доза е четири шолји дневно, советуваат стручњаците.