Пијалак добар за мускулите

Од:

Сознанието дека пиењето сок од лубеница може да ја ублажи болката во мускулите може да ви биде од голема корист.

Консумирањето сок од лубеница може да го олесни чувството на болка во мускулите по вежбањето, покажало новото истражување. Се смета дека аминокиселината Л-цитрулин, пронајдена во лубеницата, може кај спортистите да го намали времето на закрепнување и да ги подобри резултатите при вежбањето.

Сокот од лубеница одамна е популарен меѓу спортистите, а стручњаците сега на тоа му дале и научен темел.

Тие објасниле дека сокот од лубеница има антиоксидативни својства, дека поттикнува зголемување на мускулните протеини и ја подобрува спортската изведба.

Меѓутоа, ова е првпат научниците да ја истржуваат делотворноста на сокот од лубеница збогатен со Л-цитрулин.

Тимот на научници тестирале природен сок од лубеница, сок од лубеница збогатен со Л-цитрулин, како и контролен пијалак кој не содржи Л-цитрулин.

Сите пијалаци волонтерите ги добиле еден час пред вежбањето. И природниот сок и другите пијалаци донеле олеснување на болките во мускулите на волонтерите. Но, Л-цитрулинот во природниот сок (непастеризиран), сепак, бил најдобар, бидејќи на телото му донел најголема корист. Научниците сметаат дека овој сок содржи хемикалии кои го забрзуваат процесот на отстранување на млечната киселина.

А млечната киселина е материја која може да предизвика пецкање и болка во мускулите.
Се смета дека амино киселината Л-цитрулин, пронајдена во лубеницата, може кај спортистите да ги намали времето на закрепнување и да поттикне подобро работење.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска