Нашето тело секојдневно е изложено на разни токсини од храната, водата и воздухот. Колку и да се трудиме да живееме здраво по некое време доаѓа до насобирање токсини во телото што резултира со надуеност, лош тен, недостиг на елан и промени на расположението.
1. Нагли промени на расположението
Стресот е „лепак“ за токсини кои го слабеат организмот до таа мерка што доааѓа до спуштање на енергијата во телото, поради што се засилуваат чувството на страв, нервоза, лутина, љубомора.
Совет: Научете се да се опуштите – ова е најдостапниот и најевтин лек против стрес. Дозволете му на своето тело во текот на денот барем три пати по десет минути мир. Наместо кафе и цигари, обидете се да посегнете по чај и свежо овошје.
2. Надуеност
Брзиот дневен ритам не тера да посегнеме по нездрава храна, па наталожениот шеќер и мастите во комбинација со стрес го забавуваат нашиот метаболизам и предизвикуваат лошо варење и надуеност.
Во овој случај страдаат цревата кои не ја вршат својата примарна функција на апсорпција на хранливите материи што предизвикува лажна глад која резултира со прејадување и со недостиг на енергија.
Совет: Во својата исхрана внесете што повеќе состојки кои ги елиминираат токсините од телото, како лимон, јадете свежо овошје и зеленчук, житарки од цело зрно и пијте чаеви од коприва, бреза.
3. Недостиг на концентрација
Тивок показател на затруеност на телото со токсини што предизвикува бурни реакции е пад на концентрацијата, при што не само што губиме волја за работа, туку сме во состојба да паничиме и со тоа дополнително да ја влошиме ситуацијата.
Совет: Телото е како компјутер на кое одвреме навреме му треба рестарт, во спротивно ќе дојде до блокада. Научете да ги препознавате јасните симптоми кои ви ги испраќа и овозможете му одмор со кој било вид вежбање, престој во природа и зголемен внес на минерали во телото.
4. Лош квалитет на кожата
Масната кожа и испуканите капилари се последица на токсини кои спречуваат апсорпција на нутритиентите низ епидермот на кожата, по што доаѓа до затнување на порите на најголемиот орган на нашето тело.
Совет: Воведете физичка активност, пилинг и масажи во својата секојдневна рутина бидејќи единствено на овој начин можете да го разбудите заспиеното тело и мрзливата кожа. Силен ефект врз чистење на телото имаат здравите напитоци.
5. Потреба за нездрава храна
Нездравата храна е навика, а зголемената потреба за неа е знак дека вашето тело е во опасност и потребно му е стопирање на желбата по нездрави намирници. Токсините од храната во денешно време се едни од најголемите причинители на разни болести на крвниот систем, тие ја стопираат работата на бубрезите и црниот дроб.
Совет: Дозволете си себеси пет дена темелно чистење со свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, исфрлете ги јаглехидратите и месото од исхраната. Не заборавете да ги исфрлите засладените сокови кои може да ги замените со целосно поздрави сокови од вистинско овошје и зеленчук.