Пет совети за првиот престој на бебето на плажа

Од:

Доколку со бебе тргнувате на пат, потребно е да се придржувате кон одредени правила. Не заборавајте дека на бебето престојот на плажа ќе му биде пријатен само доколку се прилагодите на неговите потреби.

Следуваат неколку совети, кои ќе ви помогнат по летувањето со бебето да донесете само убави спомени.

1. Хигиената е на прво место

На плажата важат истите правила, како и дома: на бебињата им ставате пелени, освен доколку не уживате да трчате по нив со лопатка и пластичка кеса во рацете! Мокрењето во море не е причина за загриженост, но трчањето во морето токму во моментот кога сте легнале на пешкирот и не е баш згодно! За децата, кои се одвикнуваат од пелени, можете да понесете нокшир.

2. Подготвени за песок

Бебето никогаш не би смеело да биде голо на песок. Кога си игра или спие на плажата, секогаш сместете го на мек пешкир, кој ќе ја впива потта. Директен допир со песокот и нежната бебешка кожа може да предизвика иритација и инфекција. На девојчињата им се заканува воспаление на надворешните делови на гениталиите, доколку не носат костим за капење.

Немојте да се вознемирувате доколку вашето дете стави песок во уста. Натерајте го да го исплука песокот, а потоа исчистете му ја внатрешноста на устата со влажна крпа. Доколку песокот влезе во очите на бебето добро исчистете го со чиста вода или физиолошки раствор и внимавајте да не ги трие очите.

3. Правила за прскање во вода

Доколку водата е топла, нема голем метеж и бучава, кои би можеле да го уплашат бебето, можете со него да се приближите до морето и да гледате како реагира кога ќе ја стави раката или ногата во вода. Кусото прскање нема да штети, а при тоа бебето мора да биде заштитето со крема за сончање и капа. Откако бебето ќе почне да ползи задолжително ставете му мускули или појас за пливање.

4. Заштита од сонцето

Често пати сметаме дека под сенката на чадорот сме заштитени од штетното сончево зрачење. Меѓутоа, иако е корисно да го имаме, чадорот не е доволна заштита од сонцето, бидејќи УВ зраците се одбиваат од секаква површина, а песокот рефлектира приближно 25 отсто од сончевите зраци на кожата. Внимателни треба да бидете и кога е облачно, бидејќи облаците пропуштаат до 80 отсто од УВ зраците. Детскиот шатор затоа е многу подобар избор. Заштитна крема треба да се нанесе 20 минути пред излегувањето надвор, а потоа редовно да се обновува мачкањето на секои два часа.

5. Внимавајте бебето да биде хидрирано

Целосна заштита и добро здравје подразбира доволно течности: за бебиња на дохрана, вода но не премногу студена, а за бебиња до шест месеци, мајчино млеко. Затоа е најдобро на плажа да понесете фрижидер за чување на бебешките оброци и пијалоци. Освен тоа потребно е бебето редовно да се разладува со вода во спреј, бидејќи неговиот одбранбен систем против жештината не е развиен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска