Пет совети за подготовка на зеленчук по вкусот на децата

Од:

Родителите често пати се соочуваат со одбивањето на децата да јадат зеленчук, без разлика кои методи на убедување и уценување ги користат.

Неодамнешните истражувања покажаа дека причина за пребирливоста на децата е нивното чувствително сетило за вкус.

Следуваат неколку совети за подготовка на вкусен зеленчук, на кој ниту најпребирливите деца нема да му оддолеат.

1. Немојте да го преварите зеленчукот

Кога зеленчукот премногу се вари, неговиот вкус станува уште посилен. Во тој случај бидете сигурни дека вашите деца ќе го одбијат здравиот оброк. Секако се повкусни свежите плодови, па подобро е децата да ги понудите со благо сварен или свеж зеленчук.

2. Нека биде забавно

Претворете ги оброците во забава. Немојте никогаш да послужувате сварен зеленчук со зборовите дека нема да станат од масата додека не го изедат. Таквиот пристап може да има само контраефект. Вложете малку труд во подготовките и аранжирањето на оброкот со зеленчук, за детето со насмевка да ужива во секое залче.

3. Одгледувајте свој зеленчук

Доколку имате можност, дури и на својата тераса, направете своја градина и засадете зеленчук. Кога во целиот процес ќе го вклучите и детето сигурно нема да ги одбие благотворните залчиња на свежниот зеленчук.

4. Правете здрави сокови

Внесете во исхраната на детето зеленчук со помош на трикови. Напавете сок од јаболко или портокал, но ставете и зеленчук, како брокула, кељ, спанаќ, морков.

5. Користете соодветна кујнска опрема

Важно е да инвестирате во квалитетна опрема за подготовка на зеленчукот за вашите деца. Една од причините поради која зеленчукот се преварува е тоа што садовите често имаат тенко дно, така што при класичната подготовка на здравите намирници се губат нивниот авентичен вкус.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава