Пет совети како во вашиот дом да растат деца полни со самодоверба

Од:

Се вели дека воспитувањето доаѓа од домот, но и од многу други работи – сочувството, храброста и пред се самодовербата.

Поради насилството меѓу врсниците и  медиумите, кои се полни со критика децата денес имаат помалку самодоверба отколку порано. Како родители иако сакаме, не можеме да влијаеме на она што се случува во училишетото и што се објавува во списанијата, но постои нешто што можеме да го направиме за своите деца, а тоа е да им создадеме дом во кој ќе можат да ја градат нивната самодоверба.

Со само неколку пормени, може да се креира сигурен простор кој ќе придонесе за поголемата самодоверба на нашите деца.

Фалете ги децата

Но не премногу.  Додека честите критики можат да ја разнишаат детската самодоверба, голем број комплименти можат да го зголемат нивното его и да предизвикаат други проблеми. Пофалете ги за добро направената работа и не се плашете да дадете конструктивна критика, кога тоа е потребно.

Покажете им љубов

Ќе бидете изненадени кога би знаеле колку прегратката и „те сакам“ можат да влијаат на самодовербата кај децата. Не само што ќе ги потсетите децата дека многу ви значат, туку ќе добијат храброст и сами да ги покажуваат емоциите, што ќе им помогне полесно да се изборат со проблемите во иднина.

Забранете негативност

Знаеме – полесно е да се каже, отколку да се направи. Исто така не е целосно реално, затоа што сите имаме свои жолти минути, а тоа е тешко да се држи под контрола. Сепак да се почне од ситните работи, па така да се избегнува или да се забрани говорење на негативни зборови (како што се „дебел“ „грд“, „глупав“). Секако децата овие зборови можат да ги слушнат и на улица или во училише, но ако се забранат во домот се прави амбиент, кој е сигурен тогаш кога детето се чувствува лошо.

Бидете им добар пример на вашите деца

Како што кажува и поговорката „Иверицата не паѓа далеку од дрвото“, доколку вие користите погрдни зборови или се откажувате од првиот предизвик, вашето дете ќе го следи вашиот пример. Сметајте го ова како можност не само да изградите самодоверба кај вашето дето, туку и вие да бидете подобри.

Поминувајте повеќе време заедно

Разбирливо е дека на секоја мајка и е потребно време само за себе, но премногу време за себе може да направи вашето дете да не се чувствува доволно сакано. Од таа причина исклучете ги телефоните и бидете што колку можете повеќе со децата. Доколку излегувате со нив на шетање или вечерате заедно создадете им атмосфера дека се важни, што многу ќе придонесе за изградба на нивната самодоверба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска