Бебете ќе донесе промени во вашиот живот. Таа промена ќе биде добра, но таа и понатаму е промена. Од начинот на исхраната до спиењето, во вашиот живот се ќе се промени. Најверојатно нема да бидете во состојба да гледате до доцна филмови или спонатано некаде да отпатувате. Сепак, оваа промена е вредна за секоја жртва.
Енергија
Подигање и воспитување на детето бара многу енергија. За бебето надворешниот свет е новина и ќе и биде потребна вашето внимание и грижа секогаш, барем во почетокот. Вашиот однос со партнерот можеби нема да има огромно значење неколку месеци. Приоритетите на бебето мораат да бидат над се друго.
Пари
Воспитувањето на детето во здрава средина може да биде многу скапо „работата“. Од пелени до хрна, се е многу скапо и може да ги надмине вашите моментални финансии. Погрижете се да заштедите што е повеќе можно, затоа што кога ќе дојде бебето тие пари ќе ви бидат потребни.
Емоции
Ќе станете емотивно поврзани за вашето бебе. Тоа безусловно ќе ви верува, а вие ќе се чувствувате одговорни за неговата заштита. Меѓутоа, ќе мора да бидете во состојба да се носите со емоциите кон вашето дете. Запомнете, премногу заштитничкото однесување или непромисленост можат да имаат големо влијание на иднината на детето.
Врска
Најдобра личност со која можете да имате дете е тој што го сакате. Бидете сигурни дека вие и вашиот партнер сте подготвени за дете и дека вашата врска е стабилна. Да се има бебе значи и двајцата треба да бидат зрели и одговорни.