Следниве работи би требало да ги знаете пред да заминете на породување.
1. Во текот на породувањето и можеби под дејство на локална анестезија ќе зборувате неповрзано, ќе испуштате чудни воздишки и извици – но никој нема да биде зачуден од тоа.
2. Нема место за паника поради разголувањето во текот на породувањето: кога конечно ќе стигнете во салата за породување, срамот ќе биде непознато чувство.
3. На првите фотографии ќе изгледате како најсреќна личност во светот, но истовремено и како на некој кој налетал на автобус.
4. Ќе го видите најубавото новороденче во светот – другите ќе видат мало, црвено и збрчкано лице, иако многу слатко.
5. Првото празнење на цревата по породувањето ќе ве исполни со подеднаква радост и олеснување исто како и кога првпат го видовте вашето бебе.