Пет причини поради кои вашето бебе треба да научи да плива

Од:

Благодарение на посебните техники, дури и децата од 2,5 години можат да научат да препливаат куса оддалеченост. Курсевите за бебиња се осмислени така што тие со постепено учење, мошне рано можат да ги совладаат вештините, кои можат да им го спасат животот, како вртење на грб или пливање до најблискиот цврст објект.

Поттикнување на развојот на мозокот кај бебињата

Курсевите за пливање за бебиња дополнително се унапредени со цел тие во вода да се чувствуваат сигурно. Вежбите во организираните групи вклучуваат и лесно нишање, достигнување на предмети, удари со нозе и раце, како и учење како да реагираат на наредби.

Тоа е воедно и голема стимулација за бебешкиот мозок, кој во првата година од животот се развива побрзо, отколку во кој било друг период.

Помош при одењето

Недоамнешната студија покажа дека вежбањето од раѓање ја подобрува рамнотежата на бебето и неговата координација. Бебињата ги сакаат повторувањата на движењата во вода, а престојот во базенот го стимулира вестибуларниот систем, кој го дава чувството за движење и рамнотежа.

Вежбите во базенот ќе му помогнат на бебето да ја држи главата исправена, да ги крева нозете, да одржува рамнотежа и со текот на времето да прооди.

Забавна физичка активност

Експертите сметаат дека децата помлади од пет години би требало да вежбаат барем три часа дневно, а пливањето е лесен и забавен вовед во физичката активност. Пливањето е одлично за зајакнување на мускулите на нозете, рацете и вратот, како и за развој на белите дробови и кардиваскуларниот систем. Освен тоа ги поттикнува навиките за уредно спиење и јадење.

Самоуверено дете

Учењето на самостојно маневрирање во вода во бебињата ја поттикнуваат независноста и самодовербата, што често пати подоцна се манифестира и во другите животни подрачја и дава храброст за испробување на нови работи. Пливањето е одлично и за јакнење на врската меѓумајките и бебињата.

Вештина која го спасува животот

Доказ дека учењето да се плива од најрана возраст навистина може да го спаси животот е случајот од пред неколкугодини со двегодишната Елизабет, која падна во базен. Имајќи предвид дека почнала да плива од само осум недели, таа знаела да излезе на површината, да исплива до работ на базенот и да ја почека мајка си, која стигнала по десет минути.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска