Пет невообичаени особини кои децата ги наследуваат од родителите

Од:

Веднаш по раѓањето на бебето сите се трудат да пронајдат сличност со родителите. Од големиот број карактеристики, кои ќе ги забележите има и некои необични особини, за кои веројатно не сте забележале дека всушност се наследени од родителите.

Од родителите ги наследуваме бојата на очите и косата, висината, формата на носот и други физички обележја.

Сепак од големиот број карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и коментираат, се наоѓаат и некои необични особини, за кои веројатно не сте претпоставувале дека се „генетски“.

Синдром на кивање

Дали ве тера гледање директно во сонце на кивање? Или кивате два до три пати кога од темината на киното ќе излезете во осветлено фоаје? Во прашање е необичен синдром, кој се наследува од своите родители.

Немате толеранција на алкохол

Ако после неколку испиени голтки црно вино се чувствувате како да ве прегазил воз, заблагодарете им се на вашите родители на ниската толеранција на алкохол.

Стегање на рацете

Свиткајте ги прстите на двете раце заедно како да сакате да молите (без размислувања). Како ви стојат палците? Голем број на луѓето палецот од левата рака го ставаат на десната рака.  Обидете се да ја замените положбата – чудно се чувствувате зарем не? Луѓето кои „природно“ ги држат рацете во обратната поза од вообичаената тоа го наследиле од нивните родители.

„Ген“ na популарност

Ако sте комуникативнa, отворенa и популарна личност во вашето друштво и на работното место, можно е „генот“ на популарност да сте го наследиле од вашите родители.

Виткање на јазикот

Можете ли да го свиткате јазикот во пакет. Верувале или не, но оваа моторичка вештина ја немаат сите луѓе, а е пренесена од страна на мајката или таткото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска