Пет непријатели на вашите коски

Од:

Храната и пијалaкот играат клучна улога во здравјето на вашите коски. Храната богата со калциум и витамин Д го подобрува нивниот квалитет и ги прави посилни. Од друга страна, постојат намирници кои ги загрозуваат коските и кои влијаат на нивното брзо пропаѓање.

Одредени видови на храна се штетни за коските повеќе отколку што вие мислите. Еве што треба да „прескокнувате“ во вашата исхрана.

Кофеин
Утринското или попладневното кафе може да ја спречи вашата апсорпција на калциум. Поголемо количество на калциум заминува во урината поради диуретичните ефекти на кофеинот. Меѓутоа, една шолја кафе на ден нема да предизвика многу штета.

Газирани пијалоци
Иако кофеинот може да се најде во многу алкохолни пијалоци , постојат многу причини зошто треба да се држиме подалеку од газирани пијалаци, доколку се грижиме за здравјето на коските. Фосфорот, односно фосфорната киселина, може да ја попречува апсорпцијата на калциумот и се верува дека меурчињата од газираните пијалаци ги прават коските покревки.

Сол
Високото ниво на натриум му штети на нашето здравје на повеќе начини. Консумацијата на големата количина на сол доведува до зголемено излачување на калциум преку урината и потта. Иако исхраната со доволно калциум може да надокнади со умерена количина на натриум, многу луѓе консумираат сол многу повеќе отколку што треба.

Алкохол
Умереното пиење до еден алкохолен пијалок дневно за жени и два за мажи не му штети на организмот. Меѓутоа, премногу алкохол може да допринесе до губење на коскената маса и до зголемување на веројатноста за кршење на коски при пад, особено кај старите луѓе.

Премногу протеини
Вистинската “мерка” за протеини е важна за градење на здрави и силни коски. На жените им се потребни 46 грама протеини на ден, додека на мажите околу 56 грама. Иако ретко се случува некој да ја надмине препорачаната доза, премногу протеини може да ја наруши pH рамнотежата во нашите тела. Постарите луѓе кои имаат проблеми со коските често не добиваат доволно протеини.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска