Пет едноставни начини со кои вашите деца ќе ги научите на благодарност

Од:

За да ги научите децата да бидат благодарни потребни ви се мали промени, кои, пак, ќе придонесат во голема мера за целокупната благосостојба на вашите потомци.

Благодарноста е почит и признание за она што го добиваме и препознавање на тој подарок без разлика дали е материјален или станува збор за некој гест или постапка.

Зошто всушнот е потребно во секојдневната работа со децата тие да вежбаат да бидат благодарни? Позитивните психолошки истражувања од Харвард Хелт покажале дека благодарноста е цврсто поврзана со поголемото чувство на среќа во животот, што значи дека доколку научиме да бидеме благодарни во вистинска смисла на зборот, сето тоа ќе има позитивни ефекти во сите сфери на нашето живеење и ќе придонесе и другите луѓе околу нас да бидат посреќни.

Кога благодарноста е практикувана од децата, тие можат да бидат посреќни и позадоволни во училиште, да изградат многу посуштински врски со другите и мошне веројатно е дека овој начин на однесување ќе продолжат да го практикуваат во адолесценцијата и кога ќе бидат возрасни.

Следуваат пет едноставни начини како да ја практикувате благодарноста со вашите деца:

1. Бидете пример за благодарност

Децата учат за светот околу нив преку реакциите на возрасните, кои ги опкружуваат. Родителите, наставниците, нивните браќа и сестри и некои други личности играат улога во креирањето на однесувањето на детето. Личниот пример секако е еден од најдобрите начини да успеете во тоа. Едноставно зборувајте секој ден за работите кои ги цените во својот живот, без разлика колку се мали или прашајте ги децата да ви кажат за што биле благодарни во денот кој изминал.

2. Дарувајте ги оние кои ги сакате

Да се биде дарежлив кон другите значи да се земат предвид чувствата на другите, да се размисли што тие всушност сакаат и со што можеме пријатно да ги изненадиме. За да го охрабрите ова можете за време на празниците да ги поттикнете вашите деца да направат листа на подароци, кои би сакале да им ги дадат на оние кои ги сакаат.

3. Охрабрувајте го смирувањето на умот

Дел од вежбите за смирување на умот е да бидеме свесни за тоа што чувстуваме и за сето добро што го имаме во моментот, отколку да се фокусираме на она што можеби ќе го имаме во иднина или сме го имале во минатото. Поттикнете ги децата да станат свесни за тоа што го имаат во моментот и да бидат благодарни.

4. Донирајте

Како што детето ќе расте и ќе добива нови играчни за празниците и родендените научете го дел од старите да ги донира на оние кои немаат. Не е секогаш лесно да ги убедите децата да се ослободат од старите играчки, но правејќи го ова тие ќе развијат поголема благодарност за новите играчки, кои ги добиле

 

5. Делете си пораки на кои ќе биде испишано „ти благодарам“

Кога ќе добиете подарок или кога некој друг ќе стори нешто што ве прави среќни, едноставно испратете му пишана порака со благодарност. Охрабрете ги децата да го прават истото со пишување на куса порака или со цртање цртеж како знак на благодарност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска