За бебето да има здрав, сигурен и мирен сон мора да има удобен кревет и квалитетна минијатурна перница.
Перницата треба да исполнува два критериума:
– Да има минимална дебелина, бидејќи кај бебињата се уште не е развиен тилот. Многу високата перница би можела да го наруши правилниот развој на горниот дел на рбетот.
– Перницата треба да биде направена од материјал што на бебето ќе му овозможи нормално дишење без оглед на положбата во која спие. Важно е воздухот лесно да поминува низ перницата и да нема опасност од гушење.