Педијатрите велат: Во училиште не пред 8:30 часот

Од:

Мислењето на експертите се разликува во врска со тоа кога е најдобро да почнуваат училишните часови, а американските педијатри тврдат дека часовите не би требало да почнуваат пред 8:30 часот.

Американската Педијатриска академија соопшти дека часовите во училиштата не би требало да почнуваат пред 8:30, бидејќи тоа може да има негативни ефекти врз здравјето и образованието на децата.

– Тинејџерите генерално имаат проблеми со сонот, дури 80 отсто од децата не спијат по осум часа, колку што би требало, а причините за тоа се различни, појасни д-р Џудит Овенс од Детскиот медицински центар во Вашинтон.

Многу деца не можат да заспијат пред 23 часот, на што меѓудругото влијае стилот на живеење, училишните и вонучилишните активности.

Истражувањата покажуваат дека недоволно сон негативно влијае врз меморијата на децата, што како последица има лоши оценки во училиштето.

Студијата спроведена во 2012 година покажа дека учениците, на кои часовите им почнувале еден час подоцна од воообичаено, имаат подобри резултати на училишните тестови.

– Секако квалитетот на сонот не е важен само поради оценките, туку пред се и поради здравјето, нагласува авторката на истражувањето Овенс.

Таа вели дека децата, кои не спијат доволно почесто се депресивни и изложени се на поголем ризик да станат дебели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска