На првиот ден од фестивалот „Пивофест“ во Прилеп имало 50.000 посетители кои испиле 30 тони пиво и изеле 13 тони скара.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески денеска на прес-конференција рече дека првиот фестивалски ден ги надминува нивните очекувања.
– Помина во најдобар ред во големо расположение. За атмосферата се погрижија македонските доајени на евергрин музиката, а посебно вниманието го привлече загрепскиот бенд „Ту Челос“. Задоволни сме што ни дојдоа гости не само од Македонија. Очекуваме од денеска и наредните два дена во викендот уште повеќе посетеност, рече Ристески.
За фестивалската атмосфера вечер ќе се погрижат меѓу другите Владо Георгиев и романската музичарка Ина.
Фото: МИА