Потребно е:
115 гр несолен путер, на собна температура
3 лажици ситно сецкан свеж магдонос
1 лажица ситно сецкан свеж власец
1/2 лажиче ситно сецкана мајчина душичка
2 чешниња лук, истолчени
1 лажица сок од лимон
1/4 лажиче сол
Подготовка:
– Во еден сад помешајте ги сите зачини со путерот. Измешајте убаво додека не добиете хомогена смеса.
– Земете поголема пластична фолија и во средината сипете ја смесата со путер и со помош на фолијата обликувајте ја како ролат. Ставете ја во фрижидер да се стегне убаво.
– Класовите пченка можете да ги сварите или пак да ги испечете на скара.
– Изладениот путер исечете го на парчиња и со нив премачкајте ги врелите пченки. Послужете ги топли.