Житарка која се нарекува златно зрно важи за производ кој е лесно сварлив и богат со хранливи материи.
Многумина сметаат дека пченката го оптеретува организмот со вишок калории што е потполно неточно бидејќи обилува со јаглени хидрати а сиромашна со масти па претставува добар извор на енергија.
Пченката и печивата од пченично брашно поволно влијаат на здравјето кога се во прашање Алцхајмеровата болест,анемија,бронхитис,депресија,дијабетес,јакнење на нервниот систем,пореметување на метаболизмот,неплодност,остеопороза,болести на крвните садови,реума,намалување на апетитот,болести на срцето,проблеми со бешиката,холестерол и бубрези.
Лек за срцето и мозокот
Пченката е добра не само поради тоа што содржи голема количина на влакна кои ги уништуваат зголемените вредности на холестеролот туку и во значајни количини фолната киселина,витамин Б 3 и магнезиум кои ја помагаат природната регулација на вредноста на хомоцистеинот во организмот и така го штитат кардиоваскуларниот систем. Пченката обилува и со витамин Б1 кој обезбедува речиси една третина од дневните потреби на нашиот организам а има и важна улога и правилна работа на мозокот.
Моќен антиоксиданс
Иако важи правилото дека суровото овошје е поздраво до вареното пченката сепак не припаѓа на таа група. Имено американските научници откриле дека за време на термичка обработка на пченката,варење или печење доаѓа до ослободување на молекулите со антиоксидациска активност што ја зголемува неговата заштитничка моќ.