Различните хранливи состојки во Папајата помагаат за одржување на добро здравје. Папајата се користи за лекување на болести и јакнење на имунитетот.
Ова тропско овошје содржи голема количина витамини и минерали како што се витамин Ц, калциум, железо и магнезиум. Содржи исто така и ензим папаин кој може да им ги олесни маките на оние кои имаат проблеми со желудникот и варењето. Папајата е здрава и за бубрезите.
Тоа овошје има добро влијание и во борба против различните болести, како што се дијабетис, па дури и рак. Папајата може да помогне и во спречување и контрола на дијабетис.
Ако јадете папаја секој ден, тоа може да ви помогне во слабеењето. Исто така, ги намалува шансите за срцев удар.
Значи, оние кои имаат проблеми со хипертензијата, би требало да го конзумираат ова егзотично овошје во секојдневните оброци.
Освен сите наведени предности, папајата е добра за природно чистење на организмот и јакнење на видот затоа што содржи многу витамин А. Кај мажите и жените помага во јакнење на плодноста.