Панталоните на Лук Скајвокер продадени за 35.000 долари

Од:

Панталоните кои актерот Марк Хамил ги носеше кога го играше Лук Скајвокер во првиот филм на серијата „Војна на ѕвездите“ вчера беа понудени на аукција во Лос Анџелес, и беа продадени за 36 илјади долари, соопшти куќата „Nejt D.Sanders“.

Се очекуваше панталоните да достигнат цена меѓу 70.000 и 100.000 долари.

Младиот Џедај носеше „Levi’s“ панталони со боја на песок цело време во текот на снимањето на филмот во 1977 година, прв во низата од ѕвездениот серијал на режисерот Џорџ Лукас.

Филмот ја покрена кариертаа на младиот Харисон Форд, а следеа „Империјата го возвраќа ударот“(1980) и „Враќањето на Џедај“ (1983).

Кон крајот на 1990-тите години Џорџ Лукас направи уште една трилогија: „Фантомска закана“(1999), „Напад на клонови“ (2002) и „Одмаздата на Сит“(2005).

Компанијата „Волт Дизни“ во октомври минатата година соопшти дека и понатаму планира да произведува филмови од таа серија.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега