Овации за К-15 по првото спектакуларно шоу во живо, со кое одбележуваат 30-годишен јубилеј

Од:

Со овации и смеа од почеток до крај публиката во преполната арена „Борис Трајковски“ синоќа ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров по првото шоу во живо со кое прославуваат 30 години К-15. Вечерта помина многу музика, смеа и емоции. На сцената се редеа некои од најлегендарните скечеви, но и неочекувани нови скечеви, со кои се коментираше и сегашната состојба во земјата – духовито, храбро и препознатливо по стилот на К-15.

Посебна реакција предизвикаа громогласната изведба на „Ти си некаде“ од Цацко и раскажувањето на „Кичмата“, пеглањето на Тошо, Климе, Тошо и појавувањето на Бапчо.

Целиот настап беше придружуван од голем оркестар со над 30 врвни музичари, диригирани од маестро Џијан Емин, кој стои зад оркестрациите на песните на „Дуо Трио“, а публиката имаше можност да чуе и сосема нова песна. Режијата е дело на Синиша Евтимов, кој ја обликуваше вечерта во вистинско театарско и музичко доживување.

Ова е само првата од трите планирани вечери – нешто што досега не му успеало на ниту еден македонски артист: три последователни настапи во најголемата арена во земјава.

Саботното „Второ полувреме“ е распродадено, но остануваат уште мал број билети за третата вечер, кои може да се купат на www.kupikarta.com или на билетарницата во „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Ѓорѓиевски: Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ